• петок, 22 ноември 2024

Тачи и Хоти се договорија за продолжување на дијалогот со Белград

Тачи и Хоти се договорија за продолжување на дијалогот со Белград
Приштина, 23 јуни 2020 (МИА) - Средбата на косовскиот претседател Хашим Тачи и премиерот Авдулах Хоти, што се одржа денеска, беше најдобрата можна координација пред заминувањето во Вашингтон, каде на 27 јуни ќе се одржи состанок на претставници на Белград и Приштина, пренесува приштинскиот весник „Коха“. Во соопштение е наведено дека Тачи и Хоти имаат јасна визија и целосна согласност за достоинствено претставување на Косово во продолжение на дијалогот, што, како што се очекува, ќе биде тешко. Претходно, Хоти рече дека ќе води дијалогот, додека Тачи најави дека ќе ја претставува Приштина во надворешната политика, како што е предвидено со уставот. „Продолжуваат конфликтите околу тоа кој треба да го води дијалогот, како што беше случај и во претходните влади, пишува „Коха“. паг/

Остани поврзан