• среда, 17 јули 2024

Ристески: Катастрофални услови во Студенскиот дом Стив Наумов

Ристески: Катастрофални услови во Студенскиот дом Стив Наумов
Скопје, 7 октомври 2022  Пред два дена на инстаграм профилот на студентскиот дом Стив Наумов се појавија објави за условите во студентскиот дом. Имено, администраторот на инстаграм профилот објави дека на социјалните медиуми се шират лаги и невистини, дека условите според него не биле хорор, туку цитирам „Уште еднаш, многу добронамерна порака до сите кој шират лаги, не ги плашете студентите особено бруцошите дека во Стив Наумов е хорор и не знаеме што. Пак ќе кажеме не е сјајно и идеално, но условите се сосема во ред“, поради оваа неславна објава од тука сакам да поставам неколку прашања до администраторот на страната: Дали поплави во собите според него е состојба која е сосема во ред? Дали руинираните ходници, ниските температури и непријатната миризба според него е состојба која е сосема во ред? Дали администраторот на инстаграм профилот на студентскиот дом Стив Наумов е братот на екс-потпретседателката на СДММ Ана Манасиева? И за крај дали состојбата која според него е сосема во ред ја заклучи седејќи во комфорните услови на Бихаќка? Изјава на Илија Ристески од ВМРО-ДПМНЕ _____________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан