Пезешкијан: Иран е подготвен да ги сподели своите бројни достигнувања со африканските земји
- Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека Иран е подготвен да ги сподели сите свои достигнувања во областа на здравството, трговијата, индустријата, земјоделството, безбедноста и мирот со африканските народи.
Техеран, 27 април 2025 (МИА) - Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека Иран е подготвен да ги сподели сите свои достигнувања во областа на здравството, трговијата, индустријата, земјоделството, безбедноста и мирот со африканските народи.
Тој го изјави ова на Третата конференција за економска соработка Иран-Африка во Техеран, објави ИРНА.
Конференцијата, на која присуствуваа и првиот потпретседател на Иран, Мохамед-Реза Ареф, и министерот за индустрија, рударство и трговија, Мохамед Атабак, ги собра претставниците од над 50 африкански земји, вклучувајќи ги и раководителите на стопанските комори, и има за цел да ги зајакне економските врски меѓу Иран и Африка.
Третата конференција за економска соработка Иран-Африка се одржува во Техеран од 27 до 29 април, а ќе продолжи во Исфахан од 30 април до 1 мај. паг/
Фото: МИА архива