• вторник, 05 ноември 2024

Лазаров го соопшти списокот ракометари за двомечот со Данска

Лазаров го соопшти списокот ракометари за двомечот со Данска
Скопје, 19 февруари 2021 (МИА) - Капитенот и селектор на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров денеска го соопшти поширокиот список со играчи за двата натпревари со Данска, и воедно го комплетираше стручниот штаб со четворица поранешни репрезентативци.  Македонските ракометари следниот месец ги продолжуваат квалификациите за пласман на Европското превенство во 2022 година, со двомеч против актуелниот светски првак Данска, на 11 март во Скопје и на 14 март во Алборг.  На поширокиот список се вкупно 35 ракометари, меѓу кои и повратниците Филип Миркуловски и Дејан Манасков. Како што е соопштено, Миркуловски, како и Лазаров ќе има двојна улога во репрезентацијата, како играч и тренер. Од почетокот на оваа сезона, Миркуловски е тренер-играч и во редовите на бундеслигашот Вецлар.  Ракометарите кои ќе играат на двомечот со Данска се:  Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Градимир Чаневски, Андреј Петковски, Дејан Манасков, Бојан Маџовски, Цветан Кузмановски, Димитар Димитровски, Гоце Георгиевски, Ненад Костески, Мартин Поповски, Томислав Јагуриновски, Столе Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски, Михаил Аларов, Кристиан Симоновски, Филип Талевски, Филип Кузмановски, Дејан Кукуловски, Емилијан Ѓорѓовски, Михајло Младеновиќ, Филип Миркуловски, Марко Мишевски, Горан Крстевски, Марио Танковски, Игор Георгиев, Мартин Ивановски, Томче Стојановски, Никола Цветановски, Марко Карапалевски, Мартин Велковски, Мартин Серафимов, Кирил Лазаров. Како дел од стручниот штаб пристуни ќе бидат  Филип Миркуловски играч – тренер, Бранислав Ангеловски помошник – тренер, Ацо Јоновски помошник – тренер  и Билјана Црвенковски помошник – тренер. ег/ки/    

Остани поврзан