• недела, 22 декември 2024

Исплата на пензиите од утре во НЛБ Банка

Исплата на пензиите од утре во НЛБ Банка
Скопје, 24 март 2020 (МИА) - НЛБ Банка, согласно моменталните случувања со пандемијата на коронавирусот, а во пресрет на потребите на своите клиенти - пензионери, од утре ќе почне исплата на пензиите. Од Банката информираат дека од утре до 27-ми овој месец ќе пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија само на банкоматите на НЛБ Банка, додека од 28 март пензиите ќе можат да се подигнат и преку експозитурите на Банката. Од банката наведуваат дека поради моменталната кризна ситуација, експозитурите на Банката имаат изменето работно време, па затоа се препорачува пред посета на некоја експозитура да се провери работното време на веб страницата на Банката: www.nlb.mk Банката апелира да се намалат посетите во експозитурите, при што на клиентите на располагање им стои широка мрежа банкомати со 24- часовна достапност. Исто така,наедуваат дека со цел намалување на користењето на готовина, средствата на клиентите им се достапни за вршење на безготовински трансакции со платежните картички или преку електронско и мобилно банкарство.скс/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан