• петок, 22 ноември 2024

Доживотен затвор за убијци на загрозен вид горили во Уганда

Доживотен затвор за убијци на загрозен вид горили во Уганда
Кампала, 12 јуни 2020 (МИА) - На четири лица, кои се уапсени во Уганда, им се заканува доживотен затвор или парична казна од 5,4 милиони долари доколку бидат прогласени виновни за убиство на загрозен вид животни, откако се осомничени дека го убиле Рафики, еден од најпознатите планински горили во таа земја. Истрагата покажала дека Рафики е убиен со остар предмет, кој му ги пробил органите. Во Уганда се останати околу илјада планински горили, а службата за заштита на природата ја опиша смртта на Рафики како „голем удар“. Рафики беше стар околу 25 години и предводник на чопор од 17 горили. Тој бил многу популарен меѓу посетителите на Националниот парк Бвинди. - Поради неговата смрт, групата ќе стане нестабилна и постои можност да се распадне, истакна Башир Ханги од службата за заштита на природата, додавајќи дека доколку тоа се случи, групата веќе нема да сака контакт со луѓето, а тоа ќе се одрази на туризмот во земјата. гт/

Остани поврзан