ГОК Борец со пресврт до нова победа
- Одбојкарите на ГОК Борец со пресврт стигнаа до победа од 3:1 на гостувањето кај Сушево во Василево, во седмото коло од Првата лига мажи
Василево, 30.ноември 2025 (МИА) – Одбојкарите на ГОК Борец со пресврт стигнаа до победа од 3:1 на гостувањето кај Сушево во Василево, во седмото коло од Првата лига мажи. Сушево уште еднаш сезоната потврди дека ќе биде незгоден противник, особено на домашен терен и дека не признава фаворити, но немаше сили за изненадување. Гостите во следните три сета наметнаа свое темпо на игра и се изборија за комплетен кам-бек со кој остануваат меѓу водечките три екипи на табелата во лигата.
Борец држи чекор со шампионот Струмица, кој без посериозни проблеми го совлада младиот тим на Весна Пробиштип на гостински терен. И покрај сите обиди на домашните одбојкати да му се пркосат на ривалот, искуството и квалитетот беа на страната на бранителот на титулата.
На табелата Штип УГД останува лидер, без пораз во досегашните седум кола и со максимални 21 бод, следен од Струмица и Борец.
ПРВА ЛИГА МАЖИ, 7. КОЛО
ШТИП УГД – РАБОТНИЧКИ 71&22 3:0 (25:18, 25:18, 25:14)
ШКЕНДИЈА – ЈАНТА ВОЛЕЈ 3:0 (25:7, 25:14, 25:11)
УНИ ВО ТЕТОВО – СКОПЈЕ 3:0 (25:9, 25:20, 29:27)
МАКЕДОНИЈА ЏИО – ЛИРИЈА 1:3 (11:25, 25:23, 13:25, 15:25)
ВЕСНА ПРОБИШТИП – СТРУМИЦА 47&72 0:3 (11:25, 18:25, 22:25)
СУШЕВО – ГОК БОРЕЦ 1:3 (25:22, 23:25, 21:25, 19:25)
Фото: ОФМ/Стојан Михаилов