• петок, 22 ноември 2024

Бројот на загинати во поплавите во Кентаки се зголеми на 25

Бројот на загинати во поплавите во Кентаки се зголеми на 25
Вашингтон, 31 јули 2022 (МИА) - Бројот на загинати во катастрофалните поплави во Кентаки се искачи на 25 и може да се зголеми, изјави гувернерот на таа американска држава. „Имаме потврда за 25 загинати. Тој биланс може уште да расте. За жал, верувам дека наредните недели ќе наоѓаме уште тела“, рече Енди Бешеар на прес-конференција. Обилните дождови го зафатија источниот дел на Кентаки во текот на ноќта од среда кон четврток, претворајќи ги патиштата во реки. Многумина се засолнија на покривите на куќите. Бешеар рече дека четири деца загинале во поплавите, а не шест како што беше првично објавено. Станува збор за четворица браќа и сестри на возраст од една и пол до осум години. Тие биле однесени од поројот кога заедно со родителите се искачиле на врвот на дрвото, пишува локалниот весник „Lexington Herald Leader“.
Голем дел од Џексон, град со 2.200 жители на околу 100 километри југоисточно од главниот град Франкфорт, е потопен. „Стотици домови, игралишта, паркови, компани се под толку многу вода, што мислам дека некој од нас некогаш не видел во таа област“, ​​рече гувернерот. Поплавите се втората голема катастрофа што го погоди Кентаки во изминатите седум месеци, по серијата торнада што однесоа речиси 80 животи во западниот дел на државата во декември. паг/    

Остани поврзан