• петок, 22 ноември 2024

АстраЗенека побара од ЕМА одобрување за својата вакцина против Ковид-19

АстраЗенека побара од ЕМА одобрување за својата вакцина против Ковид-19
Кембриџ, 30 декември 2020 (МИА) - Фармацевтската компанија АстраЗенека предаде комплетна документација за да добие одобрување од Европската медицинска агенција (ЕМА) за употреба на вакцината против коронавирусот. Претставник на ЕМА претходно изјави дека АстраЗенека мора да достави дополнителни податоци за да може да добие лиценца во ЕУ за употреба на Ковидшилд вакцината. - Потврдуваме дека ја дадовме целата неопходна документација, со цел да добиеме дозвола за дистрибуција на вакцината од страна на ЕМА. АстраЗенека даде податоци и ќе продолжи тесно да соработува со ЕМА за да може да почне вакцинација со Ковидшилд, истакна портпарол на фармацевтската компанија. АстраЗенека денеска доби дозвола за употреба на вакцината во итни случаи во Велика Британија. гт/

Остани поврзан