• понеделник, 23 декември 2024

Алијев му заблагодари на Ердоган на поддршката за Азербејџан

Алијев му заблагодари на Ердоган на поддршката за Азербејџан
Баку, 30 септември 2020 (МИА) – Азербејџанскиот претседател Илхам Алијев му се заблагодари за поддршката на турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган, во момент кога судирите меѓу азербејџанските и ерменските сили околу Нагорно Карабах влегуваат во четвртиот ден. Алијев истакна дека Пакистан, Авганистан и Турција му дадоа поддршка на Азербејџан, но нагласи дека на неговата земја не и е потребна надворешна помош. Ердоган во понеделникот нагласи дека Азербејџан мора да ги преземе работите во свои раце и порача дека Турција ќе го поддржи Баку со „сите свои ресурси“. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу претходно денеска изјави дека Азербејџан е способен сам да ја ослободи својата територија, но Турција ќе биде со него доколку побара поддршка и помош. Тој не ја ислучи ниту можноста за воена интервенција во кавкаската област Нагорно Карабах. Спорната област Нагорно Карабах е територија која според меѓународното право му припаѓа на Азербејџан, но е населена со мнозинско ерменско население. гт/

Остани поврзан