• петок, 05 декември 2025

ЗА МИА

Медиумската информативна агенција (МИА) е највлијателниот  извор на вести во Северна Македонија.

Со редакција од седумдесетина новинари и трисетина дописници што известуваат од земјата и од странство, МИА ја има најголемата и најразновидна продукција на вести во државата.

Дистрибуираме околу 300 - 350 написи дневно на македонски, на англиски и на албански јазик.Мултимедијалниот пристап е новиот предизвик на МИА.

Содржините ги изработуваме според професионални новинарски стандарди, поради што сме и најверодостојниот извор на вести од Северна Македонија.

Проверено, брзо, точно е мотото на МИА!

Меѓу нашите клиенти се бројни традиционални и елетктронски медиуми, научни и новински организации, амбасади, агенции за односи со јавноста, државни институции и меѓународни компании.

На клиентите им нудиме преноси во живо од главните настани во државата и странство, видео и фото, а го усовршуваме и видеосервисот.

МИА е предводник во борбата против непрофесионалното известување и лажните вести. Сите релевантни домашни медиуми, без разлика на нивните политички ставови, се претплатени, ги преземаат или емитуваат нашите написи.

Посветено работиме да останеме неутрални и непристрасни, произведувајќи информативни содржини што се актуелни проверени  брзи и точни.

 

ИСТОРИЈАТ

Македонската информативна агенција е основана во почетокот на 1998 година со одлука на Владата.

МИА произведува и дистрибуира вести на македонски и на англиски јазик од 30 септември 1998 година. Во мај 1999 година агенцијата го воспоставува и албанскиот сервис.

Ројтерс, Асошиејтед прес, АФП, Глас на Америка, Дојче веле и многу други регионални новински агенции  од агенциската балканска мрежа АБНА , редовно ја цитираат МИА како веродостоен извор на информации од земјата.

Примери за ова има не само во извештаите од времето на косовската криза во 1999 и безбедносната криза во 2001 г.,македонските евроатлански интегративни процеси, туку и кога се прават анализи на меѓународни политички и економски прашања поврзани со Северна Македонија и регионот.

Во април 2006 година, со одлука на Владата на РСМ, МИА го добива називот Акционерско друштво Македонска информативна агенција - Скопје во државна сопственост.

Во март 2019 година, во согласност со Преспанскиот договор, Македонската информативна агенција се преименува во Медиумска информативна агенција. 

 

РАКОВОДСТВО

Според Статутот на АД МИА, со агенцијата раководи Управен одбор со контрола на Надзорен одбор и Владата како Собрание на Друштвото..

Претседателот на Управниот одбор е и генерален директор и главен и одговорен уредник на МИА.

Личноста за оваа функција го именува Владата на Република Северна Македонија ,а  четирите членови на Управниот одбор  ги избира Надзорниот одбор.

Петте члена на Надзорниот одбор ги именува Владата на Република Северна Македонија.

АД МИА е организирана според општите стандарди што важат за националните новински агенции.

 

Со неа раководат:

Генерален директор ,
Дарко Јаневски

Заменик директор
Осама Муадини

Главен и одговорен уредник,
Пандорка Арсовска Гацова

Раководител на сектор за општи, правни, финансиски работи и маркетинг,
Даниела Димитриева

 

Надзорен одбор:


Борис Јосифовски - Претседател на Надзорен одбор 

Воислав Цветковски - член  на Надзорен одбор

Верица Иванова, член  на Надзорен одбор

Љубица Томиќ, независен член на Надзорен одбор 

Менсур Красниќи, независен член на Надзорен одбор

 

Управен одбор:


Дарко Јаневски, Претседател на Управен одбор  и генерален директор 
Осама Муадини, член на Управен одбор  и заменик директор
Даниела Димитриева, член на Управен одбор, задолжен за финансиски и правни работи
Пандорка Арсовска Гацова,член на Управен одбор,задолжен за генерален сервис на вести

Виолета Геров - член на Управен одбор, задолжен за сервис на македонски јазик

 

 

КОНТАКТ

ул.Плоштад Пресвета Богородица бр.3, 1000 Скопје
п. фах: 4

тел.: (02) 2461600
е-пошта: mia@mia.mk
интернетска страница: https://www.mia.mk