Најмалку 70 Палестинци загинаа во израелските напади врз Газа, соопшти Хамас
- Најмалку 70 Палестинци загинаа, а десетици се повредени денеска во израелски воздушни напади низ Појасот Газа, соопштија тамошните власти под контрола на Хамас.
- Post By Марина Илиевска
- 10:30, 20 mars, 2025

Газа, 20 март 2025 (МИА) - Најмалку 70 Палестинци загинаа, а десетици се повредени денеска во израелски воздушни напади низ Појасот Газа, соопштија тамошните власти под контрола на Хамас.
Здравствените служби објавија дека Израелците гаѓале куќи во северниот и јужниот дел на палестинската енклава. Израел се уште не ги коментирал наводите.
Израелската армија вчера објави дека ги обновува копнените операции во централниот и јужниот дел на Појасот Газа, откако пропадна примирјето кој траеше од јануари.
Копнените операции доаѓаат еден ден откако повеќе од 400 Палестинци беа убиени во еден од најкрвавите воздушни напади од почетокот на конфликтот во октомври 2023 година. рп/
Фото: МИА архива