• e enjte, 23 janar 2025

Ќе заседава Управувачкиот комитет за координација на системот за управување со кризи

Ќе заседава Управувачкиот комитет за координација на системот за управување со кризи

Скопје, 22 јануари 2025 (МИА) - Во просториите на Центарот за управување со кризи денеска ќе се одржи седница на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, во проширен состав. 

На седницата ќе бидат разгледани согледаните слабости на системите за управување со кризи, за заштита и спасување и за противпожарна заштита, како и предлозите за нивно надминување.

Со седницата, како што е најавено, ќе раководи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, а ќе присуствуваат и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и раководителот на Групата за процена на ризици и опасности и директор на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Покрај членовите на Управувачкиот комитет, на седницата поканети се и заменик претседателот на Владата за политички систем Љупчо Димовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, директорот на ДЗС, Џеват Селами, директорот на ЈП Национални шуми Здравко Трајанов, директорот на АД Водостопанство Филип Филиповски, директорот на УХМР Игор Лазаровски и командантот на БППЗ на Град Скопје Звонко Томевски. бак/нд/

Фото: МИА архива

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR