• e premte, 21 mars 2025

Јужна Кореја и САД се договорија брзо да го решат статусот на „чувствителна земја“

Јужна Кореја и САД се договорија брзо да го решат статусот на „чувствителна земја“

Сеул, 21 март 2025 (МИА) – Јужна Кореја и САД се согласија заедно да работат за брзо решавање на последиците откако американското Министерство за енергетика ја назначи Јужна Кореја како „чувствителна земја“, соопшти Министерството за индустрија во Сеул.

Американското Министерство за енергетика не објасни зошто го стави својот азиски сојузник на списокот, на кој се вклучени и Кина, Иран, Русија и Северна Кореја, но јужнокорејската влада се соочи со критики затоа што неодамна стана свесна за потегот, кој беше спроведен во јануари.

Министерот за индустрија на Јужна Кореја, Ан Дук-геун, повторно отпатува во Вашингтон, по втор пат во рок од еден месец, за да разговара за воведувањето царини со американскиот претседател Доналд Трамп. јт/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR