• e mërkurë, 26 mars 2025

Шефицата на агенцијата за миграција на ОН предвидува построги буџетски ограничувања следната година

Шефицата на агенцијата за миграција на ОН предвидува построги буџетски ограничувања следната година

Женева, 25 март 2025 (МИА) - Шефицата на Меѓународната организација за миграција на ОН Ејми Поуп денеска им порача на земјите да очекуваат уште поголеми кратења на програмите во 2026 година, откако објави рекордно намалување од речиси 30 отсто на овогодишниот буџет, со оглед на крајот на програмите финансирани од САД и повлекувањето на повеќе донатори.

Агенцијата на ОН веќе најави значително намалување на проекти по кратењата на американскиот претседател Доналд Трамп на буџетот за странска помош, предупредувајќи дека тоа ќе засегне илјадници вработени и ќе има сериозно влијание врз мигрантите.

Поуп предвиде пад на буџетот од четири милијарди долари на 2,89 милијарди долари.

Лало што е наведено, овој пад веќе влијае на напорите за поддршка на програмите и активностите за помош за преселување бегалци во Колумбија, Демократска Република Конго, како и со Рохинџите во Мјанмар.

„Следната година - 2026. е годината во која очекуваме да видиме најголемо влијание врз буџетот - се разбира, не само поради САД, туку слушнавме и од многу наши донатори дека очекуваат натамошни кратења на средствата за хуманитарна помош и развој“, рече Поуп на состанокот во Женева.

САД, кои учествуваат со 40 отсто од финансирањето на ИОМ, соопштија дека 80 отсто од програмите на Агенцијата на САД за меѓународен развој се прекинати. паг/

Фото: МИА архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR