• e enjte, 10 tetor 2024

ЦДУ со остра осуда за насилствата на протестот на Демократска партија во Тирана

ЦДУ со остра осуда за насилствата на протестот на Демократска партија во Тирана

Тирана, 9 октомври 2024 (МИА) – Бериша требаше да биде во затвор, а не удобно да седи дома, изјави ЦДУ, портпаролот за европски прашања на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот, Гинтер Крихбаум, при тоа најостро осудувајќи го насилството на Демократската партија на протестот одржан во понеделникот.

Според него, главен виновник и поттикнувач на насилството на протестот во Тирана е Бериша.

- Насилните акти се целосно неприфатливи и целосно недостојни за кандидат за членство во ЕУ. Ако Бериша сè уште има трошка кредибилитет, веднаш треба да се огради од ваквиот протест. За жал, постои сомнеж дека Бериша ги поттикнува овие протести, изјави Крихбаум.

Со острата изјава упатена до Бериша, ЦДУ ја нагласува целосната поддршка на правосудни институции и на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК) и нагласува дека лидерот на ДП требало да биде прогласен за непожелен и да му се забрани влез во секоја држава на ЕУ.

- Бериша не треба да се претставува како жртва на наводно политички мотивиран процес. Одлуката на СПАК да му одреди домашен притвор е без никакво сомнение. Впрочем, СПАК е создаден под притисок на Европската Унија. Со оглед на сериозноста на обвиненијата, Бериша ќе беше ставен во притвор во која било земја на ЕУ, а не да се чувствува удобно во домашен притвор, нагласи Крихбаум.

Тој додаде дека насилните акти се целосно неприфатливи и целосно недостојни за земја кандидат за членство во ЕУ.

- Ако Бериша има уште ронка кредибилитет, веднаш треба да се огради од овој тип на протести и да ги избрка насилниците од партијата. За жал, постои сомнеж дека Бериша ги поттикнува овие протести. Во минатото ДП беше партија која се потпираше на европските вредности. За жал, таа се повеќе се оддалечува од овие вредности, истакна Крихбаум.

Тој посочи дека оправдано е што Европската народна партија (ЕПП) и пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот држат дистанца од оваа ДП и особено од нејзиниот лидер Бериша. вт/ми/

 

QËNDRONI TË LIDHUR