• e martë, 17 shkurt 2026

Хуманоидни роботи демонстрираа боречки вештини на пролетниот фестивал во Кина

Хуманоидни роботи демонстрираа боречки вештини на пролетниот фестивал во Кина

Пекинг, 17 февруари 2026 (МИА) - На пролетниот фестивал во Пекинг,  организиран од ЦЦТВ (CCTV), беа претставени хуманоидни роботи произведени од четири кинески стартап компании: Јунитри Роботикс, Галбот, Ноетикс и МеџикЛаб (Unitree Robotics, Galbot, Noetix и MagicLab).

Роботите демонстрираа боречки вештини во кои користеа и оружја како мечеви, стапови и нунчаки. Борбената низа вклучуваше и имитирање „пијани“ техники, несигурни движења и контролирани падови. Роботите на компанијата Ноетикс, заедно со вистински актери изведоа комичен скеч. А роботите на МеџикЛаб, на песната „Направени сме во Кина“ („We Are Made in China“) изведоа синхронизиран танц со реални танчери.

Според технолошкиот аналитичар По Жао, хуманоидните роботи обединуваат многу кинески предности во една нарација: способноста на вештачката интелигенција, снабдувањето со хардвер и амбициозното производство. Тие (роботите) се и највидливиот симбол за јавноста и за официјалните лица. По ова, меѓународната инвестициска банка Морган Стенли (Morgan Stanley) предвидува дека годинава, продажбата на хуманоидни роботи во Кина ќе достигне над двојно зголемување, со продадени 28.000 роботи. мв/сд/

Фото: Јутјуб - принтскрин

 

 

 

 

QËNDRONI TË LIDHUR