• e premte, 14 mars 2025

Хамас го прифати предлогот за продолжување на преговорите за прекин на огнот во Газа

Хамас го прифати предлогот за продолжување на преговорите за прекин на огнот во Газа

Газа, 14 март 2025 (МИА) - Хамас денеска соопшти дека го прифаќа предлогот на посредникот за продолжување на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа.

 Групата во соопштението наведе дека е подготвена да преговара за втората фаза од договорот за прекин на огнот и го повика Израел целосно да ги исполни своите обврски, пренесуваат британските медиуми.

Воедно, Хамас најави и дека ќе го ослободи Едан Александар, израелско-американски заложник, како и дека ќе ги предаде телата на уште четворица заложници со двојно државјанство.сд/

фото:МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR