• e shtunë, 15 mars 2025

Путин и Мадуро најавија продлабочување на соработката меѓу Русија и Венецуела

Путин и Мадуро најавија продлабочување на соработката меѓу Русија и Венецуела

Москва, 14 март 2025 (МИА) - Претседателите на Русија и Венецуела Владимир Путин и Николас Мадуро се согласија да го прошират обемот на билатералната соработка, јавија локални медиуми по нивниот видеоконференциски разговор.

Договорот доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп во февруари ја укина дозволата што ѝ овозможуваше на американската нафтена компанија „Шеврон“ да работи во Венецуела, и покрај санкциите наметнати од Вашингтон.

Путин го покани Мадуро на 9 мај во Москва, кога Русија го одбележува Денот на победата во Втората светска војна, за да потпишат договор.

- Достигнавме стратешко ниво на односите, изјави Путин, додавајќи дека спогодбата за стратешко партнерство ќе обезбеди солидна основа за продлабочување на врските.

Мадуро нагласи дека нивоата на соработка меѓу двете земји се на највисоко ниво во повеќе сектори, особено во енергетиката.

Русија отворено го поддржуваше Мадуро, иако значителен дел од меѓународната заедница не го призна неговиот реизбор во јули 2024 година.ссм/

фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR