Фон дер Лајен и Кошта до Зеленски: Никогаш не сте сами
- Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта упатија иста порака на „Х“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски во која велат дека ќе продолжат да работат за праведен и траен мир во Украина“.

Брисел, 28 февруари 2025 (МИА) - Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта упатија иста порака на „Х“ до украинскиот претседател Володимир Зеленски во која велат дека ќе продолжат да работат за праведен и траен мир во Украина“.
„Вашето достоинство и оддава почит на храброста на украинскиот народ. Бидете силни, храбри, бестрашни. Никогаш не сте сами, драг претседателе Зеленски. Ќе продолжиме да работиме со вас за праведен и траен мир“, напишаа Фон дер Лајен и Кошта на „Х“.
Зеленски денеска предвреме ја напушти Белата куќа по жестоката расправија со Трамп пред новинарите во Овалната соба. мс/
фото: МИА архива