• e hënë, 17 mars 2025

„Фајненшл тајмс“: Кинескиот претседател Си Џинпинг ја отфрли поканата за годинашниот самит ЕУ-Кина

„Фајненшл тајмс“: Кинескиот претседател Си Џинпинг ја отфрли поканата за годинашниот самит ЕУ-Кина

Лондон, 16 март 2025 (МИА) - Кинескиот претседател Си Џинпинг ја одби поканата за самитот ЕУ-Кина по повод 50-годишнината од воспоставувањето на врските, објави „Фајненшл тајмс“.

Си одби да го посети Брисел, каде што требаше да се одржи самит за да се одбележи половина век од односите меѓу Европа и Кина.

Шефот на Европскиот совет, Антонио Коста, кој го предводи телото што ги претставува 27-те земји на ЕУ, во јануари рече дека неговиот прв разговор со Си по преземањето на функцијата кон крајот на минатата година бил „конструктивен“.

-Се договоривме дека заедничката работа на ЕУ и Кина за соочување со глобалните предизвици ќе биде позитивен сигнал за мир, стабилност и просперитет, објави тогаш Кошта на БлуСкај.

Официјален претставник на ЕУ рече дека Си и Кошта „се договориле да останат во контакт, со покани за посета во двете насоки и со подготовките за самитот ЕУ-Кина“.

„Годинашниот самит доаѓа во чувствителен момент, кога Доналд Трамп ги презема уздите во САД, па Пекинг и Брисел ќе бидат вклучени во растечки трговски спор“, оценува порталот barron's.com.

Кинеската државна телевизија CCTV на почетокот на 2025 година објави дека Пекинг „има доверба во ЕУ и се надева дека ЕУ, исто така, може да стане партнер на кој Кина може да му верува“.

„Си Џинпинг истакна дека Кина и Европа немаат фундаментални конфликти на интереси или геополитички противречности“, се наведува во соопштението.

 „Двете страни се бранители на мултилатералниот трговски систем и формираа силна економска симбиотска врска“, соопшти CCTV.сд/

фото:МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR