• e diel, 06 tetor 2024

Факелот на „Трката на мирот“ утринава ја премина границата кај ГП „Ѓуешево“ во Република Северна Македонија

Факелот на „Трката на мирот“ утринава ја премина границата кај ГП „Ѓуешево“ во Република Северна Македонија

Софија, 5 октомври 2024 (МИА/БТА) - Факелот на „Трката на мирот“ утринава од Бугарија премина во Република Северна Македонија, информираа организаторите на иницијативата. Последните 20 км до границата кај Ѓуешево беа истрчани заедно со кошаркарскиот тим од градот Бобошево, изјави за БТА Виолета Ангелова, координаторка на иницијативата. Финалето на трката е на 18 октомври во Унгарија.

Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Вчера вечер, десетици жители на Ќустендил го дочекаа факелот на „Трката на мирот“ на централниот плоштад „Велбужд“.

Денешниот дожд почна да паѓа малку откако факелот беше предаден на учесниците од Северна Македонија, додаде Виолета Ангелова.

Меѓународната штафета Peace Run („Трка на мирот“) помина низ Бугарија од 29 септември до 5 октомври. Тркачи од Англија, Нов Зеланд, Чешка, Мексико, Австрија, Италија, Исланд, Северна Македонија, Шкотска, Украина и Бугарија влегоа преку граничниот премин „Русе“ и поминаа над 600 км низ 18 населени места и живописни предели во Бугарија, додаде Виолета Ангелова.

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА.


 

QËNDRONI TË LIDHUR