Уставниот суд одлучи да поведе постапка за измените на Кривичниот законик, Собранието има рок од шест месеци да ги направи неопходните измени
- Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста на измените на Кривичниот законик. Како што изјави претседателот Дарко Костадиновски, Судот изразил сериозен сомнеж за уставноста на оспорениот закон во целина и донел одлука да му наложи на собранието во рок од шест месеци да ги направи неопходните измени и да се усогласи со аргументите на Судот. Доколку Собранието не го стори тоа, ќе следува укинувачка или поништувачка одлука од Уставниот суд.
![Уставниот суд одлучи да поведе постапка за измените на Кривичниот законик, Собранието има рок од шест месеци да ги направи неопходните измени](https://mia.mk/images/20250212160117_big_730x400_3.webp )
You need to login to view this page