• e diel, 09 mars 2025

Уставен суд на Романија: Ѓорѓеску може на избори

Уставен суд на Романија: Ѓорѓеску може на избори

Букурешт, 8 март 2025 (МИА) – Уставниот суд на Романија ги отфрлил жалбите против регистрацијата на Калин Ѓорѓеску како кандидат за претседател на Романија.

Ѓорѓеску вчера изјави дека ја поднел кандидатурата до Централната изборна комисија за претстојните претседателски избори, закажани за 4 мај.

Истовремено, поднесени се две жалби до Уставниот суд против неговата кандидатура.

Според романското законодавство, ЦИК може да прифати нечија кандидатура дури по одлуката на Уставниот суд.

Судот едногласно ги отфрли жалбите како неприфатливи.

Одлуката е конечна и ќе биде доставена до ЦИК на Романија.

Во Романија на 24 ноември се одржаа претседателски избори, на кои Ѓорѓеску победи во првиот круг, освојувајќи 22,94 проценти од гласовите. Второто место ѝ припадна на Елени Ласкони со 19,18 отсто, која се залага за зајакнување на партнерството со НАТО и САД.

Меѓутоа, на 6 декември Уставниот суд ги поништи изборните резултати, укажувајќи на сериозни повреди потврдени со документи од Врховниот совет за народна одбрана од кои беше симната ознаката за доверливост. Одлуката беше донесена по разгледување на жалбите на јавни организации, кандидати и државни органи. Повторени избори се закажани за 4 мај. јт/

Фото: МИА архива

 

QËNDRONI TË LIDHUR