• e hënë, 17 mars 2025

УСС на УКИМ бара прекин на наставата и одложување на сите настани и работилници поради трагедијата во Кочани

УСС на УКИМ бара прекин на наставата и одложување на сите настани и работилници поради трагедијата во Кочани

Скопје, 16 март 2025 (МИА) - Универзитетското студентско собрание при скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ вечерва информираше дека поднеле барање до Ректоратот за прекин на наставата. Оттаму информираат дека сите настани и работилници ќе бидат одложени поради трагичната несреќа во Кочани во која загинаа 59 лица, а 155 се повредени. 

- УСС на УКИМ по одржаниот вонреден состанок на 16.03.2025 на кој беа присутни делегати на Универзитетското студенстско собрание, претседатели и членови на факултетските студентски собранија, надворешни членови на Универзитетско студентско собрание, поднесе барање до ректоратот за прекин на наставата и за организирање на заедничка настава во вид на собири од 17.03-21.03. Сите настани и работилници ќе бидат одложени. Ве повикуваме на заедничка сплотеност почнувајќи од утре 17.03.2025 во 12 часот на платото на општествениот кампус, се вели во информацијата од УСС. бак/ац/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR