• e shtunë, 26 tetor 2024

Урсула фон дер Лајен ја почна посетата на БиХ од Јабланица, област најпогодена од поплавите

Урсула фон дер Лајен ја почна посетата на БиХ од Јабланица, област најпогодена од поплавите

Сараево, 24 октомври 2024 (МИА) - Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен пристигна во посета на Босна и Херцеговина, а првата нејзина станица беше општина Јабланица, која беше погодена од поплавите и свлечиштата на почетокот од месецот, пренесе босанската редакција на „Радио Слободна Европа“.

Фон дер Лајен ја посети Јабланица, заедно со претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто. Тие разговараа со претставници на локалната власт за последиците од катастрофата.

Силна бура во почетокот на месецот предизвика поплави и свлечишта во неколку населби во централна и јужна Босна. Селото Долна Јабланица речиси целосно беше затрупано со карпи и остатоци од рудник по интензивните врнежи. Бројот на жртви од оваа катастрофа се искачи на 26 лица, од кои 19 загинаа во Јабланица.

Фон дер Лајен изрази подготвеност за употреба на средствата од Фондот за солидарност на Европската унија за справување со последиците од поплавите, извести босанската телевизија БХРТ.

Посетата на Фон дер Лајен е дел од четиридневна балканска турнеја за Планот за раст на ЕУ во вредност од шест милијарди евра и напредокот на евроинтеграцијата. ссм/

фото: архива

QËNDRONI TË LIDHUR