• e shtunë, 26 tetor 2024

САД испратија Ф-16 на Блискиот Исток

САД испратија Ф-16 на Блискиот Исток

Вашингтон, 25 октомври 2024 (МИА) – Авиони Ф-16 на американските воздухопловни сили пристигнаа на Блискиот Исток од Германија, соопшти американската Централна команда.

Нивното доаѓање доаѓа во услови кога се очекува израелски напад врз Иран, како одмазда за масовниот напад со балистички ракети на 1 октомври.

ЦЕНТКОМ не ја прецизираше точната база или базите на Блискиот исток до кои стигнале Ф-16. Најблиската база до Израел е воздушната база Мувафак Салти во јорданскиот Азрак, која служеше како главен центар за операциите на американските воздушни сили во регионот. јт/

QËNDRONI TË LIDHUR