• e premte, 04 tetor 2024

Украина уништи една руска радарска станица „Небо-М“

Украина уништи една руска радарска станица „Небо-М“

Киев, 3 октомври 2024 (МИА) – Украинските одбранбени сили употребија ракети АТАКМС за да уништат една од познатите руски радарски станици „Небо-М“, соопшти Генералштабот на украинската армија.

Во соопштението се истакнува дека тоа уништувањето на радарот со долг дострел ќе создаде поволен „воздушен коридор“ и ќе и овозможи на Украина ефикасно да ги користи крстосувачките ракети „Сторм шадоу“ и „СКАЛП-ЕГ“ за нови мисии.

Исто така се посочува уништувањето на рускиот радар „Небо-М“ значително ќе ги ослаби можностите на руската армија за откривање, следење и пресретнување на аеродинамични и балистички цели.

Русија наводно има само десет активни системи на „Небо-М“, од кои секој чини над 100 милиони долари. ми/

фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR