• e shtunë, 05 tetor 2024

Расте бројот на жртвите од бродоломот во ДР Конго

Расте бројот на жртвите од бродоломот во ДР Конго

Киншаса, 4 октомври 2024 (МИА) – Најмалку 78 луѓе се удавија откако се преврти брод со 278 патници во езерото Киви во Демократска Република Конго, соопшти гувернерот на провинцијата Јужен Киви, Жан Жак Пуриси.

Преоптоварениот брод потонал на само неколку метри од пристаништето во Китуку.

- Потребни се најмалку три дена за да се добијат точните бројки, сè уште не се пронајдени сите тела, посочи Пуриси.

Ова е уште една смртоносна бродска несреќа во централноафриканската земја.

Главната вина за несреќите е преоптоварувањето на пловните објекти. Летово, 80 луѓе загинаа кога брод се преврте во близина на главниот град Киншаса. ми/

фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR