• e diel, 06 tetor 2024

Убедлив пораз на Металургг Автокоманда од турски Гереле во Европскиот куп

Убедлив пораз на Металургг Автокоманда од турски Гереле во Европскиот куп

Гереле, 5 октомври 2024 (МИА) - Ракометарките на Металург Автокомнда денес загубија на гостувањето во Турција кај Гереле со 36:28. Ова беше првиот натпревар од пресметката во 1/32 финалето во Европскиот куп.

Двете полувремиња турскиот тим ги доби со по четири голови разлика (17:13 и 19:15) и на крајот има убава предност пред реваншот.

Реваншот меѓу овие два тима ќе се одигра в понеделник исто така на теренот на Гереле во источна Турција. зс/

Фото: Фејсбук РК Гереле

QËNDRONI TË LIDHUR