• e diel, 06 tetor 2024

Карлос Сајнц постариот: Преселбата во Вилијамс е одлука на мојот син

Карлос Сајнц постариот: Преселбата во Вилијамс е одлука на мојот син

Лондон, 5 октомври 2024 (МИА) - Карлос Саинц сениор  проговори за преселбата на неговиот син во Вилијамс.

Двократниот шампион во WRC смета дека неговиот син Карлос Сајнц ја донел одлуката што ја смета за правилна за себе.

Се очекуваше Сајнц да потпише за Ауди или Алпин, но Шпанецот, неочекувано за многумина, направи избор во корист на Вилијамс.

- Во такви работи, отсекогаш сум бил на негова страна. Оваа година беше тешка за Карлос. По трансферот на Хамилтон во Ферари, се искомплицира ситуацијата. Како татко, му помагав најдобро што можам барајќи ги сите можни опции. Иако мојата улога во ова воопшто не е променета. Преселбата во Вилијамс е негова одлука и мора да се почитува. Ова не беше наједноставното и очекувано решение. Имавме три или четири опции, но на крајот Карлос беше тој што требаше ја донесе одлуката за неговата иднина и има моја целосна поддршка, изјави Сајнц постариот.

Тој очекува Вилијамс уште да се развива и да ги подобрува резултатите. зс/

Фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR