• e shtunë, 26 tetor 2024

Тројца повредени во експлозија на автомобил-бомба во западно Мексико

Тројца повредени во експлозија на автомобил-бомба во западно Мексико

Акамбаро, 24 октомври 2024 (МИА) – Во експлозија на автомобил-бомба пред полициската станица во градот Акамбаро во Мексико ранети се тројца полицајци, соопшти денеска локалното обвинителство.

Обвинителството додаде дека уште една експлозија се случила во блискиот град Херекуар, но дека нема повредени.

Автомобилот-бомба во Акамбаро беше доволно голем за да ги распрска автомобилските делови низ улицата. Силна експлозија ги разнела прозорците и вратите на околните куќи, соопштија локалните власти.

Ова е најсериозниот напад со автомобил-бомба врз властите во Мексико од јуни 2023 година, кога нарко-картел употреби автомобил-бомба за да убие офицер на Националната гарда во блискиот град Селаја.

Речиси истовремените напади во два различни града, со разлика од околу половина час, укажуваат на вмешаност на нарко-картели кои со години водат крвави конфликти за територијата во Гуанахуато. јт/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR