• e diel, 28 korrik 2024

Трамп најави уште еден митинг во Батлер, градот каде што беше извршен обид за атентат врз него

Трамп најави уште еден митинг во Батлер, градот каде што беше извршен обид за атентат врз него

Вашингтон, 27 јули 2024 (МИА) - Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп, најави дека наскоро ќе одржи уште еден митинг во Батлер, Пенсилванија, каде што беше извршен обид за атентат врз него на 13 јули.

„Ќе се вратам во Батлер, во Пенсилванија, на голем и убав митинг“, напиша тој на социјалните мрежи.

Трамп не го прецизираше датумот, а деталите ќе ги соопшти подоцна. паг/

Фото: МИА архива

 

 

QËNDRONI TË LIDHUR