Тошковски: Затворот Скопје функционирал повеќе како туристичко-угостителско правно лице, отколку како затвор
- Во рамки на вчерашната акција, која е спроведена по наредба на судија на претходна постапка извршени се два претреса од страна на Министерството за внатрешни работи и од слобода се лишени две лица кои имале менаџерски функции во Затворот Скопје, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во текот на посетата на Штип. Тој посочи дека наводите коишто ги имаат констатирано од досегашните докази им давааат основи на сомнение дека Затворот Скопје досега функционирал повеќе како туристичко-угостителско правно лице, отколку како затвор, а кој треба да се грижи за осудени лица согласно законски одредби.

You need to login to view this page