• e diel, 02 shkurt 2025

Тетовец со „хјундаи“ излетал кај клучката за Орман и починал 

Тетовец со „хјундаи“ излетал кај клучката за Орман и починал 

Скопје, 1 февруари 2025 (МИА) - Патничко возило „хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.В.(63) од Тетово вчера излетало надвор од коловозот на обиколницата на град Скопје во близина на клучката Орман, а возачот починал на местото на настанот.

Како што информира МВР, случајот вчера околу 7:40 часот бил пријавен во СВР Скопје.

Смртта на возачот ја констатирал лекар од итната медицинска помош, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје. вј/ац/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR