Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог
- Се трудиме да ги изгаснеме огновите кои сме ги наследиле и со стратегија да ги подобриме состојбите, а веќе од понеделник ќе се обезбедат сите лекови кои недостигаат за терапија на онколошките пациенти, рече министерот за здравство, Арбен Таравари во одговорот на пратеничкото прашање од Тони Јаревски на денешната собраниска седница кој побара одговорност за состојбите во кои западнало јавното здравство и проблемите во универзитетската клиника за онкологија. Таравари вината ја префрли на претходното раководство и остро ги критикуваше настапите на опозициската СДСМ поврзани со „случајот“ Онкологија.
You need to login to view this page