• e martë, 18 mars 2025

Струшка нефрологија и Општата болница собраа медицински материјали, помош за ГОБ „8 Септември“

Струшка нефрологија и Општата болница собраа медицински материјали, помош за ГОБ „8 Септември“

Струга, 17 март 2025 (МИА) - Јавните здравствени установи Специјализирана болница за нефрологија и Општата болница - Струга организираа акција за собирање медицински материјали, помош за градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, каде се хоспитализирани повредени од пожарот во Кочани.

Акцијата, како што наведува Специјалната болница за нефрологија, била поддржана и од приватни аптеки во Струга, кои донирале значителни количини медицински материјали.

- Специјализираната болница за нефрологија - Струга, со сите свои ресурси се става на располагање за укажување на медицинска помош на повредените лица во трагичната несреќа во Кочани, посочуваат од Болницата.

Изразуваат сочуство и жалење до семејствата на жртвите во трагичната несреќа во Кочани. сс/са/

Фото: ЈЗУ Специјална болница за нефрологија

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR