Македонските иселеници од Нов Јужен Велс со хуманитарна акција за помош на семејствата на настраданите во Кочани
- Македонските иселеници во Нов Јужен Велс се солидаризираат со семејствата на настраданите во големата несреќа што се случи во Кочани.

Сиднеј, 18 март 2025 (МИА) – Македонските иселеници во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс се солидаризираат со семејствата на настраданите во големата несреќа што се случи во Кочани.
Клубовите на иселениците во Сиднеј и другите градови во тој дел на Австралија упатија повик до сите хумани луѓе в сабота во што поголем број да дојдат да го проследат фудбалскиот натпревар што македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ го игра против „Блектаун сити“.
Предвидено е сите средства од продадените влезници, како и донациите што ќе бидат собрани по натпреварот да бидат наменети за помош на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.
Натпреварот во Сиднеј се игра во рамки на седмото коло од првенството на Националната премиер лига на Нов Јужен Велс. аб/са/
Фото: МИА