Стружанец возел со забрана, лицето приведено и возилото одземено
- Стружанец управувал моторно возило иако имал забрана за управување од Б категорија, полицијата го уапсила, а по наредба на јавен обвинител возилото е одземано, соопшти денеска СВР Охрид.
Струга, 25 февруари 2026 (МИА) - Стружанец управувал моторно возило иако имал забрана за управување од Б категорија, полицијата го уапсила, а по наредба на јавен обвинител возилото е одземано, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, вчера во 9 часот и 40 минути на улицата „Пабло Неруда“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишие од слобода А.Ф.(48) од Струга.
- При контрола во сообраќајот, полициските службеници, сопреле патничко возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека А.Ф. го управувал возилото и покрај тоа што имал забрана за управување со моторно возило од Б категорија, стои во соопштението на СВР Охрид.
По наредба на јавен обвинител, возилото било одземено и по целосно документирање на настанот, против А.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава. сс/са/
Фото МИА архива