• e enjte, 26 shkurt 2026

Во завршна фаза реконструкцијата на бензинската станица во Расадник, се гради и нов паркинг

Во завршна фаза реконструкцијата на бензинската станица во Расадник, се гради и нов паркинг

Скопје, 25 февруари 2026 (МИА) - Градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска денеска изврши увид во завршните активности за реконструкција на бензинската станица во населбата Расадник.

Како што информира Општина Кисела Вода, на терен со градоначалничката беа и Дејан Спасеновски, директор на развој и инвестиции во „Макпетрол“ и Слободан Тасевски, советник за интерни и јавни набавки во компанијата.

Објектот, кој датира уште од 70-тите години на минатиот век, во моментов поминува низ фаза на целосно реновирање и модернизација. Проектот опфаќа не само обнова на станицата, туку и партерно уредување на околниот простор пред самиот објект. Дополнително, од задната страна се гради нов паркинг од отворен тип, кој ќе биде ставен на располагање на жителите од овој дел на општината.

-Овој објект наскоро ќе добие лик на модерен пункт со современо уреден партер. Нашата соработка со бизнис секторот, како што е оваа со компанијата „Макпетрол“ е токму во таа насока, секоја инвестиција да донесе конкретен бенефит за граѓаните. Посебно значајно е што со партерното уредување и новиот паркинг, не само што добиваме подобра функционалност, туку и обезбедуваме повеќе слободен простор за возилата на жителите од Расадник, изјави градоначалничката Стaменкоска Трајкоска. мд/ев/

Фото: Општина Кисела Вода 

 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR