• e martë, 25 mars 2025

Стотици уапсени во Турција во новите протести поради приведувањето на Имамоглу

Стотици уапсени во Турција во новите протести поради приведувањето на Имамоглу

Истанбул, 23 март 2025 (МИА) - Стотици луѓе се приведени во новите протести против приведувањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, соопштија денеска властите.

Турското Министерство за внатрешни работи на „Х“ напиша дека 323 лица биле приведени поради бранот демонстрации вчера.

Протести се одржаа во Истанбул, Анкара, Измир и други градови, со илјадници учесници и покрај забраните за демонстрации.

Имамоглу, водечки противник на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, беше приведен во средата.

Судот денеска одреди да остане во притвор до почетокот на судењето. мс/

фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR