• e hënë, 01 korrik 2024

Ставен под контрола пожарот во Кичевско, хеликоптер на МВР исфрли над 25 тони вода

Ставен под контрола пожарот во Кичевско, хеликоптер на МВР исфрли над 25 тони вода

Скопје, 22 јуни 2024 (МИА) - Хеликоптер од Одделот за воздухопловни единици на МВР исфрли над 25 тони вода и го стави под контрола пожарот во Кичевско.

-Хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР денеска дејствуваше на пожарот во атар на село Цер, општина Кичево. Хеликоптерот исфрли над 25 тона вода и во координација со силите на терен пожарот е ставен под контрола, информираат попладнево од МВР.

Од Центарот за управување со кризи соопштија дека пожарот во атарот на кичевското село Цер беше активен со различен интензитет повеќе денови, при што горела нискостеблеста шума, сува трева и смрека. дма/мч/

фото/видео: МВР

QËNDRONI TË LIDHUR