• e martë, 02 korrik 2024

Општина Радовиш субвенцинира полагање возачки испит и купување велосипед

Општина Радовиш субвенцинира полагање возачки испит и купување велосипед

Радовиш, 1 јули 2024 (МИА) - Со 8.000 и до 6.000 денари Општина Радовиш ќе субенционира полагање возачки испит од „Б“ категорија и купување нов велосипед, објави локалната самоуправа на официјалната веб страница.

Според објавеното, на барателот што ги исполнува критериумите на овој јавен повик ќе му се надоместат дел од трошоците направени за полагањето на возачки испит при стекнување на возачка дозвола од „Б“ категорија во висина од 8.000 денари.

Средствата по барањето ќе се исплатат по доставување на доказ за положен возачки испит-добиена возачка дозвола од „Б“ категорија до комисијата во Општина Радовиш. Доколку барателот не го положи возачкиот испит во тековната година по поднесеното барање најдоцна до 1 декември и не поднесе доказ за положен возачки испит најдоцна до 1 декември во тековната година, го губи правото на субвенционирање и предвидените средства нема да му бидат исплатени.

Право на користење на финансиски средства имаат редовни и вонредни ученици во трета или четврта година во СОУ „Коста Сусинов“- Радовиш и невработени млади лица до 26 годишна возраст кои ќе поднесат барање со потребната документација од денот на објавувањето на јавниот повик до денот на завршување на повикот.

Право на субвенционирање на велосипед имаат оние граѓани кои ќе купат велосипед од минимум 26 инчи од денот на објавувањето на јавниот повик до денот на завршување на повикот и ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед.

На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавката на велосипед во висина од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 6.000 денари. Двата јавни повици траат 30 дена од денот на објавувањето. рт/сст/

Фото: МИА архива

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR