• e premte, 28 shkurt 2025
Shqip
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сочувство од министерот за правда Игор Филков до семејството на прерано загинатата Фросина Кулакова

Сочувство од министерот за правда Игор Филков до семејството на прерано загинатата Фросина Кулакова

Скопје, 31 јануари 2025 (МИА) - Министерот за правда Игор Филков упати сочувство до семејството и пријателите на прерано загинатата Фросина Кулакова. 

- Некогаш нема утешни зборови, но она што можам да се заложам е дека мојата политичка позиција и мојата човечка мисија ќе ја насочам за менување на работите од корен. Целиот систем мора да се менува однадвор и одвнатре, истакнува Филков.

Дваесет и двегодишната девојка го загуби животот на 29 јануари кога во неа на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје удрил автомобил „пежо“ управуван од 20-годишно лице. дма/са/

Фото:МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR