• e premte, 28 shkurt 2025
МИА Најави МКД

28 февруари 2025 

Скопје - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, ќе одржи неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на Собранието. (Сала на Уставна комисија/11:00)

Скопје - Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија.

 - Средба со Африм Гаши, претседател на Собрание на Северна Македонија. (Сала на Уставна комисија/8:30)     

- Втора работна сесија на 23. Мешовит парламентарен комитет ЕУ - Северна Македонија. (Сала „Борис Трајковски“/9:00)

Скопје - Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, генералната секретарка Марина Димовска и Јан-Аксел Фос, заменик-амбасадор во Амбасадата на СР Германија ќе одржат средба со ИПС стипендисти во Бундестагот. (Кабинет на потпретседателот/10:00)

Радовиш - Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во работна посета на општина Радовиш каде што ќе изврши увид во изградба на атмосферска канализација на дел од улиците „Илија Алексов“, улица 8 и 9“. (Изјави за медиуми на ул.„Илија Алексов“ / 13:30)

Скопје - Советот на јавни обвнители на РСМ ќе ја одржи 19-тата седница. (10:30)

Скопје - Директорката на УЈП, Елена Петрова ќе одржи брифинг за новинари. (Генерална дирекција на УЈП, Комплекс банки 2-ри кат/9:30, изјави за медиумите по завршување на брифингот доколку има интерес од медиумите)

Скопје - Центарот за развој на медиуми организира тркалезна-маса „Како до компетентни регулаторни тела“. (х „Холидеј Ин“, сала „Бисер“/10:00)

Скопје - Годишна научна конференција под мотото 75 години Македонска Дерматологија во организација на ЈЗУ УК за дерматологија. (х.„Лимак“/18:30)

Скопје - Националната алијанса за ретки болести на Македонија – НАРБМ ќе го одбележи Денот на ретки болести. (Простории на Порта Македонија/10:30)

Штип - Симпозиум за ретки болести во организација на студентските организации СОМА (Студентски организирана медицинска асоцијација) и СЗММ (Студентско здружение за молекуларна медицина). (Универзитет „Гоце Делчев“-Економски факултет, Мултимедијан центар/14:00)

Битола - Македонско научно друштво - Битола Меѓународниот ден на цивилната заштита ќе го одбележи со стручно предавање на тема „Организација и мерки на цивилната заштита во Република Северна Македонија“ (Универзитетска библиотека /12:00)

Скопје - Регионалната конференција „Заедно водиме: Младите се сила на Балканот“. (Природно- математичкиот факултет во Скопје / 09:45, пред официјалното отворање предвидена е прес- конференција / 09:15)

Скопје - Центарот за научно истражување и промоција на културата – ХАЕМУС организира интерактивен изложбен настан во чест на обичајот Мартинки, нематеријално културно наследство впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО. (Јуроп Хаус Скопје/10:00)

__________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

QËNDRONI TË LIDHUR