• e diel, 23 mars 2025

Состанок во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија: Во фокусот техничките аспекти за враќање на пациентите кои успешно ја завршиле фазата на болничко лекување

Состанок во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија: Во фокусот техничките аспекти за враќање на пациентите кои успешно ја завршиле фазата на болничко лекување

Скопје, 22 март 2025 (МИА) - Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска се одржал состанок со претставници од Министерството за здравство, Службата за општи и заеднички работи на Владата и Кабинетот на Претседателот на Владата, со цел координација и организација на процесот на репатријација на македонските пациенти кои се на лекување во странство, по трагедијата во Кочани.

На состанокот присуствувале министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за здравство, Арбен Таравари, директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, Сашо Клековски, директор на Фонд за здравство како и претставници на сите надлежни институции.

- Во фокусот на состанокот беа практичките и техничките аспекти поврзани со враќањето на пациентите кои успешно ја завршиле фазата на болничко лекување, како и на нивните семејства, со цел процесот да биде реализиран навремено и координирано, соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Меѓуресорската координација, се најавува во соопштението, ќе продолжи и во наредниот период, при што внимателно ќе се следи состојбата на пациентите, а институциите, како и досега, ќе постапуваат усогласено и одговорно. цр/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR