• e enjte, 20 mars 2025

Служба за цивилна заштита: Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 436 луѓе

Служба за цивилна заштита: Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 436 луѓе

Газа, 19 март 2025 (МИА) – Службата за цивилна заштита во Појасот Газа соопшти дека најмалку 436 луѓе се убиени во обновените израелските напади, што почнаа во понеделникот вечерта.

Цивилната заштита транспортираше тела на најмалку 436 убиени лица откако окупаторот ја обнови агресијата и војната, изјави портпаролот на Службата, Махмуд Басал.

Израел продолжи со бомбардирањето на Појасот Газа во понеделникот вечерта, прекршувајќи го прекинот на огнот што почна на 19 јануари, а презеде и серија копнени операции во централниот и јужниот дел од енклавата за да се создаде тампон-зона помеѓу северот и југот на палестинската територија разурната од војна.

Според најновиот извештај на палестинското Министерство за здравство од почетокот на војната во Појасот Газа загинале 49.547 луѓе, од кои поголемиот број деца и жени. ми/

фото: ДПА

QËNDRONI TË LIDHUR