Си Џинпинг: Никој не може да го запре обединувањето на Кина со Тајван
- - Луѓето од двете страни на Тајванскиот теснец се една фамилија. Никој не може да ги прекине нашите семејни врски, ниту да го запре историскиот тренд на национално обединување, изјави Си во новогодишниот говор, пренесен од државната телевизија CCTV.
Пекинг, 31 декември 2024 (МИА) - Претседателот на Кина Си Џинпинг изјави дека никој не може да го спречи обединувањето на Кина со Тајван.
- Луѓето од двете страни на Тајванскиот теснец се една фамилија. Никој не може да ги прекине нашите семејни врски, ниту да го запре историскиот тренд на национално обединување, изјави Си во новогодишниот говор, пренесен од државната телевизија CCTV.
Во својот лански новогодишен говор, Си истакна дека обединувањето на Кина со Тајван е неизбежно и дека народот од двете страни треба да работи заедно за националното подмладување.
Напнатоста меѓу Пекинг и Тајван останува висока, особено откако новиот лидер на Тајван, Лај Чинг-те, кого Пекинг го смета за сепаратист, ја презеде функцијата во мај.
Кина неодамна натрупа поморски сили околу Тајван и во Јужното Кинеско Море, поради турнејата на Лај, која вклучуваше посети на Хаваи и Гуам, што Пекинг остро ја критикуваше. ссм/
фото: ЕПА