Сијарто: Добрите односи меѓу САД и Русија секогаш се во корист на светската безбедност
- Унгарија е задоволна поради тоа што во Саудиска Арабија се одржаа директни руско-американски консултации бидејќи добрите односи меѓу САД и Русија секогаш се во корист на глобалната безбедност, изјави денеска во Њујорк унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Будимпешта, 18 февруари 2025 (МИА) – Унгарија е задоволна поради тоа што во Саудиска Арабија се одржаа директни руско-американски консултации бидејќи добрите односи меѓу САД и Русија секогаш се во корист на глобалната безбедност, изјави денеска во Њујорк унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Унгарското Министерство за надворешни работи соопшти дека Сијарто го поздравил почетокот на директните консултации меѓу Русија и САД, делумно за обновување на соработката меѓу двете земји и делумно за ставање крај на војната во Украина, пренесе МТИ.
„Добрите односи меѓу САД и Русија се секогаш корисни за светската безбедност“, рече тој. јт/
Фото: Скриншот од Фејсбук на Сијарто