• e premte, 21 shkurt 2025

Инуит Атакатигит: Нема да брзаме да организираме гласање за независноста на Гренланд

Инуит Атакатигит: Нема да брзаме да организираме гласање за независноста на Гренланд

Нук, 20 февруари 2025 (МИА) – Владејачката партија на Гренланд, Инуит Атакатигит (ИА), денеска соопшти дека, по општите избори на 11 март, нема да брза да организира гласање за независност на данската прекуморска територија, поради можни економски и социјални последици.

Анкетите покажуваат дека мнозинството жители на Гренланд се против приклучување кон САД, како што побара американскиот претседател Доналд Трамп, но и дека мнозинството се за евентуална независност.

Во значајна промена на политиката, партијата Сиумут, коалициски партнер на ИА, ги објави плановите овој месец да се повика на член од законот од 2009 година со кој на Гренланд му се доделува зголемена автономија, вклучувајќи го и правото да преговара за целосна независност. јт/

Фото: Инуит Атакатигит

QËNDRONI TË LIDHUR